Почнува мониторингот на медиумското известување за локалните избори 2021

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти дека од утре почнува со мониторинг на изборното медиумско известување на радиодифузерите за локалните избори 2021 година.
Во периодот до почетокот на изборната кампања, како што посочуваат од Агенцијата, предмет на надзор ќе бидат првиот телевизиски програмски канал на Јавниот сервис – МРТ1 и шесте комерцијални телевизии на државно ниво кои имаат просечен неделен досег над 10 проценти – ТВ Сител, ТВ Канал 5, ТВ Телма, ТВ Алсат-М, ТВ Алфа и ТВ 24 Вести. Сите останати програмски сервиси ќе се мониторираат врз основа на претставка.
Предмет на мониторинг ќе биде нивната вкупна програма, со посебен фокус на централните изданија на вестите и посебните информативни емисии во кои учествуваат претставници на власта (државна/локална), на политички партии и други потенцијални учесници во изборите. Ќе се мониторираат и сите други програми во кои има потенцијални учесници во изборите без оглед на причините за нивното појавување.
Како и досега, Агенцијата, на својата веб страница, постави банер со сите материјали релевантни за изборниот процес – законски и подзаконски акти поврзани со изборите, обрасци за преставки, публикации, извештаи и слично.
– Имајќи предвид дека со распишувањето на локалните избори, закажани за 17 октомври 2021 година, стапија на сила одредбите од Изборниот законик, Агенцијата ги потсетува сите радиодифузери на одредбите релевантни за нивното известување и постапување во периодот пред почетокот на изборната кампања, стои во соопштението

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This