ПОЧНУВА СТРАСНАТА СЕДМИЦА: Строг пост

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На светиот и велики понеделник, се сеќаваме на блажениот Јосиф, прекрасниот; се сеќаваме и, на од Господа прок олнатата, исушена смо ква.

Почнуваат светите стpадања на нашиот Господ Исус Христос, а пред тоа, како на Негов праобраз, се сеќаваме на прекрасниот Јосиф. Јосиф беше син на патријархот Јаков, син којшто му го роди Рахила. Омра3ен од своите браќа, заради некои сновиденија, Јосиф прво бива фpлен, од нив, во длабока јама, за потоа браќата, со кpва вата облека, да го мамат татка си, дека Јосифа го раст pгнале ѕв еровите.

Потем, за триесет сребреници Јосиф бива продаден на Исмаилќаните, коишто повторно го препродаваат на Петефриј, управникот на евнусите кај египетскиот цар – фараонот. Кога фараоновата госпоѓа безумно се нафрлила на целомудрениот младич Јосиф, тој, несакајќи да направи безаконие, побегнал, оставајќи ја својата наметка.

Таа го нак леветила пред господарот, и Јосиф бива фр лен во ок ови и мр ачен за твор. Потоа, поради толкувањето на соништата го изведуваат од затворот, го претставуваат пред царот, и Јосиф постанува господар на сета египетска земја. На крајот, при продавањето на пченицата, им се открива на своите браќа и благочестиво проживувајќи го целиот живот, ум ира во Египет, бивајќи сметан, покрај другите доблести, и за голем во целомудреноста.

Тој е праобраз на Христа, бидејќи и Христос стpада од Неговите соплем еници, ученикот го продава за триесет сребреници, го фрлаат во темна, мрачна ја ма – во гр об, од кадешто самовласно станувајќи, се зацари над Египет, т.е. над секој гр ев, и целосно победувајќи го, владее над целиот свет и според човекољубието нè искупува со таинственото давање пченица (леб), предавајќи се Самиот Себеси за нас и хранејќи нè со лебот небесен –

Своето животоносно Тело. Од тие причини, сега се спомнува прекрасниот Јосиф. Заедно со тоа се сеќаваме и на исуше ната смоква од светото Евангелие, бидејќи божествените Евангелисти, токму Матеј и Марко, говорат за тоа веднаш после спомнувањето на гранчињата. Таинственото толкување на Исидор Пелусиот е дека смоквата е дрвото на непослушанието, чиишто листови престапниците ги употребиле за покривање.

Горчината на совеста. Всушност, отците тука го ставаат расказот за смоквата заради умиление, како и расказот за Јосиф – бидејќи е праобраз на Христа. (Неплодна) смоква е секоја душа на којашто ѝ е туѓ секој духовен плод, којашто Господ наутро, т.е. после овој живот, не наоѓајќи се Себе во неа, ја исушува со кле тва и ја фр ла во оган вечен – и таа постанува како некаков ису шен столб, којшто ги застрашува оние, коишто не донесуваат плодови достојни на доблести.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This