По Австрија, и Германија планира каpантин за неваkцинираните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради големиот број заболени од Ковид-19, денеска во Австрија стапи на сила карантинот за невакцинирани, чие прекршување ќе се казнува со 1.450 евра, а владата размислува и за воведување полициски час.

Бројките во Австрија се зголемуваат, повеќе од 11.552 случаи на инфекција се регистрирани вчера, а седумдневната инциденца на 100.000 луѓе се искачила на речиси 850.

Од денеска во Австрија на луѓето кои не биле вакцинирани или не прележале ковид, им е дозволено да го напуштат станот само во исклучителни случаи, како што се купување продукти, посета на лекар или аптека или одење на работа.

Строго ќе се проверува почитувањето на оваа мерка, а прекршоците ќе се санкционираат со казни до 1.450 евра.

Мерките за изолација ќе бидат во сила првично во рок од десет дена и се усвоени од покраинската и федералната влада. Канцеларот Александар Шаленберг рече дека некои провинции се слободни да постават уште построги правила.

Од главниот град Виена веќе најавиле дека ќе воведат дополнителни правила со кои се бара PCR тест од вакцинираните и оздравените граѓани кои излегуваат ноќе во затворени простории и на сите настани на кои присуствуваат повеќе од 25 луѓе.

„Се надеваме дека ова ќе ја поттикне вакцинацијата. Досегашното заострување на мерките веќе доведе до скок на вакцинацијата“, рече канцеларот.

Во Австрија моментално се вакцинирани околу 65 отсто од населението.

Австриската влада размислува и за воведување полициски час во текот на ноќта. Одлуката за овој потег, која би се однесувала на целата земја, ќе биде донесена во среда, изјави австрискиот министер за здравство Волфганг Муекштајн во емисијата ZiB2 на ORF.

Ограничувањето ќе важи од 22 часот, рече тој.

Поради големиот пораст на бројот на новозаразени, идната германска влада, која ќе ја сочинуваат Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Зелените и Слободната демократска партија (ФДП), исто така имаат намера да го заострат својот предлог за Законот за заштита од инфекции. Според сегашниот закон, вонредната епидемиолошка состојба престанува да важи на 25 ноември. Идната коалиција останува посветена на укинување на тој статус, но има намера да воведе построги мерки за борба против пандемијата.

За некои мерки се уште се разговара, а Бундестагот треба да гласа за законот во четврток, пишува Дојче веле.

„Ова се значајни ограничувања за невакцинираните, кои ги сметаме за исправни“, изјавил денеска Дирк Виз, потпретседател на Клубот на пратеници на СПД, за јавниот сервис ЗДФ за новите мерки. Меѓу другото, можни се ограничувања на контактите, задолжителна примена на правилото 3G на работното место и обврска за работа од дома секогаш кога е можно, како и забрана за користење на јавен превоз за невакцинираните без негативен тест за корона. Без разлика, обврската за носење заштитни маски останува на сила.

„Тоа е практично заклучување за невакцинираните“, рече Визе.

Мерките кои според новиот закон веројатно веќе не би можеле да се воведат се: ограничување на движење и патување, затворање на угостителски и сместувачки капацитети, како и трговија и занаетчиство и ограничувања на спортските активности.

Институтот Роберт Кох соопштил дека вчера биле пријавени 23.607 нови случаи. Тоа е за 8094 повеќе од една недела порано. Седумдневната инциденца се искачила на 303. Минатиот четврток Германија имала најголем број нови инфекции од почетокот на пандемијата: 50.196.

Здравствениот експерт од СПД, Карл Лаутербах, изразил загриженост и прогнозира: „За три или четири недели ќе имаме толку голем број што одделенијата за интензивна нега ќе бидат целосно преоптоварени. Ќе мораме да ги транспортираме пациентите од еден град во друг“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This