(Видео) Бетмен ВелиТ: Вонредна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најновата, вонредна емисија Бетмен Велит со Богдани Илиевски на Инфомакс, е посветена на денешното, вонредно излагање на пратеникот Кастриот Реџепи, во врска со неговото магично исчезнување и премислување околу гласањето на недоверба на владата на Заев, Ахмети и целата влада.

„Јас сум мирен, со чиста совест, и сигурен дека нема поголема поголема вредност од тоа да ја изведеш својата земја, да ја носиш на патот на слободата, демократијата и заедништвото. Патот на НАТО и Европска унија“, изјави денес Реџепи.

Алал вера мајсторе, и фала ти што не носиш на тој пат. Едноставно, преголеми се заслугите, и оваа земја не може да ти се оддолжи, или може. Што велите за оној проект кој го најави Заев за формула 1 стаза во Македонија, да го добие името Кастриот Реџепи. Или може скратено да се вика, Кастриот Упорниот Реџепи, Трасирачот на огромен развој или напредок би било поточно.

Или како што самиот тој се изјави:

„Јас Кастриот Реџепи, сојузник на своите сограѓани, и на Албанците, и на Македонците, и на сите други кои имаат поглед напред, стратешки сојузник на Соединетите Американски држави, во интерес на мојата земја, Република Северна Македонија и во интерес на сопствениот народ, самоволно и одлучно се засолнив на денот на гласањето на доверба на владата, со цел да не дозволам на бранот на резултатите од локалните избори земјата да ни отиде во правец кој е спротивен од моите идеолошки убедувања и спортивен од она што е стратешка насока која ни ја зададоа граѓаните. …

Ете, дознавме дека Кастрит бил сојузник на сите граѓани кои имале поглед напред, интересен некој сојуз. Веројатно не е сојузот со жителите и гласачите во Македонија, бидејќи тие на избори кажаа што имаа да кажат за погледот напред, односно кого не сакаат да гледаат на чело на државата. А се засолнил со цел да не дозволи на бранот на резултатите од локалните избори, земјата да отидела во правец спротивен од стратешката насока спротивна од насоката која ја задале граѓаните.

Па насоката на граѓаните е дадена на избори, или нему му даваат граѓаните башка насока? Како ќе оди против насоката на граѓаните, кога на избори јасно и гласно ја виде пораката која му ја побара Заев, а му ја упати народот.

„Секако не е лесно да имаш суштински разлики во ставовите со своите сопартијци. Но кога твоите сојузници од Брисел и Вашингтон ти велат дека Северна Македноија има неповторлива шанса да ја започне својата нова европска приказна, тогаш и срцето и умот ти велат, да Кастриот, некогаш, некој мора да биде тој што ќе пресече во корист на иднината. Овој пат, тоа си ти. Верувам дека се можи мостови меѓу нас, јас ќе се обидам да бидам еден од тие мостови“, додаде Реџепи во изјавата.

Или пак да имаш суштински разлики во ставовите самиот со себе, па еднаш да тврдиш дека си се самокиднапирал за да не дозволиш скршнување од стратешките насоки на граѓание, а пред тоа да велиш дека не си сакал да дозволиш да се случи пад на влада иако тоа го побараа граѓаните на локалните избори. Меѓутоа не е единствен кој не се согласува со сопственото мислење.

Во однос на мостовите, Инфомакс има ексклузивна снимка од мостовите за кои зборува Кастриот.

„Не нови избори, не нов застој, не нови поделби, туку стабилно мнозинство, брза реконструкција на владата ако неопходна, и многу, многу работа работа за нашиот народ, и давање максимум за добра иднина“, вели понатаму во изјавата Реџепи.

Чекај, чекај, па ти си мандатар, најави нова влада, брза реконструкција, работа била потрена, а пред десет дена стави потпис дека владата мора да падне бидејќи спроведува корупција и криминал. Плус, партијата која те номинира за пратеник и официјално излезе од влада, а ти раскажуваш програми од влада, не требало избори, требало многу работа.

„Моите првични размислувања биле да дојдам на седница и да гласам против, но проценувајќи ја целата состојба, со тоа што се знаеше дека немаше да присуствуват пратеници од мозинството“, изјави понатаму Реџепи.

Ист Заев, како него да го слушаме. Само, барем кај Зоќе, за скроз различни ставови е потребно време, неколку дена или неколку недели. А царов менува ставови во една иста реченица.
А за неприсуствувањето, ако со мнозинство мисли на Заев и СДСМ, никој не знаеше дека тие нема да присуствуваат на седницата, освен во СДСМ, и можеби Реџепи. А можеби проценки ти направиле токму Заев и екипата. Затоа се вели дека на лагата и се кратки нозете.

Но Кастриот ја продолжува приказната, со тоа што везе дека не дошол на крај бидејжи му било страв дека може да иде нападнат од некој пратеник ако гласа единствен против бидејќи, како што изјави и самиот тој:

„Не сме уште скандинавска земја, демократија која го прифаќа правото загарантирано со устав на еден пратеник да гласа според своите убедувања“, рече тој

Значи неговите убедувања му рекле да гласа против пад на владата, откако убедувањата претходно му рекоа да се потпише за да падне владата. И во меѓувреме високи дипломати го убедуваа дека не треба да падне владата, па нивните убедувања станаа твои сопствени убедувања.

Браво пратениче, јаки убедувања имаш.

Иако потпиша за да падне владата во случај Заев да не си стои на зборот и да не ја поднесе оставката, кога Заев реши да ја одложи оставката, Кастриот реши дека не треба да паѓа владата.

Одиме со причините поради кои се повлекол Кастриот.
Една причина на овој сојузник на народот и на сите дипломати, и сојузник на сите мостови, е што мнозинството не било поголемо. Потоа, со пад на оваа влада, прашањето за датумот ќе било невозможно.

Па зошто се потпиша?
Инаку датумот ќе беше невозможен и со нова влада, поради проблемот кој зависеше од Бугарија, а кој пак, го создаде, со својот потпис, Зоран ЗАев. Доколку единствениот пат за датумот одеше прек ново национално предавство, доуништување на веќе распарчениот идентитет и распродажба на темелите на државата, ако тоа беше цената, датумото ќе беше невзможен.

А кажа и Руте, прво треба да се реши проблемот со Бугарија.

И Кастриот сето тоа го знаеше и се потпиша на иницијатива за пад на влада.

Самоиницијативно не се согласил со сопственотоо мислење, самоиницијативно се самокиднапирал и самоиницијативно се одлучил да пресече и да гради мостови.

„Но, кога премиерот Заев ја одножи оставката, кога Желино не беше прегласано, и кога ги имавме сите овие информации, јас, Кастриот Реџепи, не можев со моја рака да дозволам да пресудам на датумот“, изјавува Реџепи.

А проблемот со Желино беше што Беса се осети изиграна од ДУИ, од довчерашниот коалиционен партнер, но бидејќи со одлука на суд не се прегласуваше, Кастриот се премисли, нема повеќе нож во грб.

И финално, Реџепи го повлекол потписот откако Заев ја повлекол оставката, и покрај тоа што иницијативата постоеше за во случај Заев да излаже за оставката, како што излажа.

Ако Заев оставел на ветеното, немало ни Кастриот да размислува за пад на Владата.
Човекот се потпишува на иницијатива за пад на владата, за во случај Зсев да излаже и да не даде оставка, па откако Заев лаже, овој вели, па не треба ни иницијативата да постои…
Спектакуларно..

А бил во комуникација со Заев цело време, и кога Заев ја поднел оставката, го молел да ја повлече…

На крај

„Што се однесува со кој комуницирам, јаките кои сигнали кои ги кажаа и тој ден и денеска, вискои претставници на странски дипломатски претставници, со коишто сум во постојана комуникација, пошто јас бев и директор за меѓународна соработка во Беса…“, вели Реџепи.

Ете, го комуницирале со јаки сигнали. А изгледа сите почнале јако да го комуницираат откако потпиша за пад на владата на Заев. Претходно не знаеше тој ништо.

Абре КАстриот, ајде искрени да бидеме на крај. Се изнаслушавме нелогичности, контрадиктоности, дај на крајот барем малку да биеме искрени, како те предомислија, пуштија нешто? Мала пажња? Мостче?

Со здравје да си го добиеш ветеното

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This