По апceњето на Навални, голем xaкepcки нaпaд врз руската држава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хакери ја нападнале официјалната веб-страница на Руската федерална служба за извршување затворски санкции (FSIZS), чии членови вечерва го уапсија лидерот на опозицијата, Алексеј Навални, на московскиот аеродром Шереметјево.

“Веб-страницата веќе два часа е под постојани хакерски напади. Експертите работат на подигнување на страницата”, цитира ТАСС извор близок на FSIZS дека се уште не е познато од каде потекнувале нападите на официјалната веб-страница на оваа служба.

Службата за односи со јавност на FSIZS претходно објавила дека опозиционерот Навални бил задржан при пасошка контрола веднаш по вечерашното враќање од Берлин на аеродромот во Москва, Шереметјево.

Според очевидци, Навални бил приведен кога на полицијата и го покажал пасошот за време на контролата пред официјалното влегување во Русија, а на неговата сопруга Јулија, неговиот портпарол и адвокат им било дозволено да влезат во Русија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This