По големиот сpaм, Владата сфати дека Германија не е во Македонија и ја сменија сликата на „Дома си е дома“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако “пукна“ голем срам што македонската Влада со фотографија од Германија промовира домашен туризам, фотографијата е променета.

Потсетуваме, реагираше и фотографот кој рече дека “умрел од смеење“ кога видел што направила македонската Влада.

На нозе се кренаа и граѓаните кои со потсмев зборуваа на оваа грешка.

Од министерството испратија соопштение како да мислат дека направиле “ситна грешка“, и велат дека ја замениле фотографијата.

Министерството за економија во текот на денешниот ден ја замени фотографијата која е употребена на платформата „Дома си е дома“ (www.domasiedoma.gov.mk и www.pushimenevend.gov.mk) преку која се реализира мерката за ваучери за туризам за граѓани со ниски приходи. Новата фотографија е од домашна туристичка дестинација.

-Фотографијата која е употребена на платформата „Дома си е дома“ е преземена со сите авторски права, а во текот на денов ја заменивме со нова фотографија од домашна туристичка дестинација, соопшти Министерството за економија.

Оттаму посочуваат дека низ целата промоција на мерката, преку оваа Платформа, акцентот бил ставен на промовирање на туристичките потенцијали на Република Македонија.

-Платформата ќе биде доградена со нови податоци за капацитети и места каде нашите граѓани ќе можат да ги користат ваучерите за поттикнување на домашниот туризам, кадешто дополнително сите граѓани кои ќе одлучат да летуваат во нашата земја ќе можат да ги видат убавините на државата, потенцираат од Министерството за економија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This