По затвopaњето на „Еуростандард банка“ 100.000 граѓани во пaниka

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сметките на граѓаните и фирмите кои соработувале со „Еуростандард банка АД Скопје“ им се блокирани и тие во моментов не можат да располагаат со своите средства.

Оние кои имаат штедни влогови до најмногу 30.000 евра ќе можат да сметаат на своите пари во рок од 20 дена кога ќе почне обесштетувањето преку Фондот за осигурување депозити.

На штедачите треба да им бидат исплатени околу 72 милиони евра.Тоа се тие кои имале штеден влог до 30.000 евра кој влегува во обештетувањето, како и другите лица кои имале пари на сметка во банката. Останатите 780 депоненти кои имале депозит над 30.000 евра останатиот износ ќе треба да го побаруваат од стечајната маса. Исто како и тие кои имале пари во сеф во банката.

Истовремено околу 100.000 граѓани кои земале плата, пензија, социјална помош на трансакциска сметка во банката предупредуваат дека немаат резервни приходи за да го преживеат месецов.

Граѓаните треба веднаш да си побараат друга банка, бидејќи во спротивно и следните уплати кои ќе им стигнат, нема да може да ги користат, пренесува порталот Банкарство.

Народната банка ги извести да отворат транскациски во други банки и да ги известат ПИОМ, социјалното и работодавецот дека приходот треба да го префрлат кај друга банка. Но, треба да добијат исписница од Еуростандард банка, за да одат во друга банка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This