ПО КРАТКА ПОСТАПКА: Трамп го paзреши американскиот амбасадор во ЕУ, кој cвeдочеше пpoтив него

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Доналд Трамп го разреши од функцијата Гордон Сондланд, амбасадор на САД во ЕУ, неколку часа откако го отпушти експертот за Украина, Александер Виндман, одликуван воен полковник. Обајцата сведочеа против Трамп во постапката Конгресот за негово отповикување.

Сондланд – сојузник на Трамп кој донираше еден милион американски долари за неговата изборна кампања – јавно сведочеше дека верува оти Трамп се обидел да извлече политичка корист од тоа што барал Киев да покрене истрага за кандидатот за демократски претседател, Џо Бајден.

„Денеска бев информиран дека Претседателот има намера да ме отстрани од позицијата амбасадор на САД во Европската Унија. Нашата соработка претставуваше врв на мојата политичка кариера“, се вели во соопштението на Сондланд објавено во повеќе американски медиуми.

Адвокатот на Виндман изјави дека „најмоќниот човек во светот, засилен со молк, подводливост и соучешниство, одлучи да почне со одмазда“. Тој прецизираше дека неговиот клиент бил „испратен“ од Белата куќа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This