По кpaткo и тeшko 6oлeдyвaњe пoчинa македонскиот нoвинap Ристе Недановски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лекарската комора денеска преку соопштение известува дека по кратко и тешко боледување на 62-годишна возраст, на 04.02.2021 година починал новинарот Ристе Недановски.

Недановски во 1980 година запишал Факултет за интердисциплинарни стурии по новинарство при Универзитетот “Кирил и Методиј” – Скопје.

Во својот животен век, од 1991 година работел како новинар за здравство во редакцијата “Вечер” – НИП “Нова Македонија”. Во 1997 година преминува во редакцијата “Дневник”, во 1999 станува заменик-уредник на економската рубрика и новинар за здравство во редкацијата “Утрински весник”.

Од 2004 година е уредник и новинар за здравство во редкацијата “Вечер”. Од активното новинарство се повлекува во 2006 година кога работи како PR менаџер во “Публицист” – Скопје, од 2009 год. е извршен директор и PR менаџер во “Концепт маркетинг”, а во 2011 година е уредник на гласилото на Лекарската комора на Република Северна Македонија, Vox Medici.

Долги години подготвуваше и уредуваше текстови, посебни тематски публикации и инфо-гласила на различни асоцијации, здруженија, организации и компании (Стоматолошка комора на Македонија, “Порака”, Сојуз на помош за лица со ментален хендикеп и други.

Во својот професионален ангажман се истакнува како исклучителен познавач на здравствениот систем во Република Македонија.

Автор е и учесник во подготовка на повеќе релевантни меѓународни анализи за состојбите и реформите во здравството.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This