По Миконос и дpyги гpчки ocтpoви co итни aнти-koвид мepки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веќе има недостиг од карантинско туристичко сместување на грчките  острови. По Миконос, итни мерки може да бидат објавени на неколку други острови во Егејското Море, пренесуваат грчките медиуми.

Поради зголемните нови случаи на инфекција со коронавирус, се очекуваат нови ограничувања на островите Санторини, Парос и делови на Крит.

Владата бара решение за проблемот со недостаток на хотелски соби за карантин за туристите. Постојат мали острови каде такви хотели не се обезбедени, објасни градоначалникот на Алонисос.

Хотелиерите и сопствениците на приватно сместување на Миконос одбиваат да обезбедат соби, тврдејќи дека хотелите не се болници. Владата е подготвена да ги принуди хотелиерите да соработуваат. Засега сите кои се под карантин мора да останат на островот две недели.

После Миконос, на уште неколку острови има голема стапка на инфективност, соопшти грчкото Министерство за здравство. Според денешните податоци, станува збор за Санторини, дел од Крит и Парос.

Полицијата започна со беспилотни летала над Миконос за да го следи собирањето на луѓето. Сепак, младите продолжуваат да се собираат секоја вечер во приватни вили и на јахти.

Резервациите за Миконос се откажани и туристите кои летуваат на островот заминуваат, коментираат хотелиерите. Протокот на туристи се очекува да се намали доколку повеќе острови се стават во карантин.

Неколку европски земји веќе воведоа задолжително враќање од Грција со негативен тест или двонеделен карантин.

Во исто време, беше објавено дека Грција ја проширува кампањата за вакцинација за деца над 12 години – со согласност на нивните родители.

Веќе се дискутира за воведување на задолжителна имунизација на сите државни службеници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This