Bлaдa: Ce пpoшиpyвa oпфaтoт зa финaнcиcкa пoддpшкa нa инвecтициитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата денеска ги утврди и измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

Со предложените измени и дополнувања се уредуваат видовите, висината, условите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на инвестициите на деловните субјекти кои ќе инвестираат во Република Македонија и ја содржи шемата за државната помош.

Со овие измени и дополнувања, меѓу другото, се прошируваат видовите на финансиска поддршка за технолошки развој и истражување, поддршка за инвестициони проекти од значаен економски интерес, поддршка за преземање на претпријатија во потешкотии и конкурентност на пазарот и се регулира финансиската поддршка на државјани со постојан и привремен престој во и вон земјата, а воедно се балансираат и условите за рамномерен регионален развој.

По завршената амандманска расправа во комисиите на Собранието, Владата го дополни предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2021 година, односно ребалансот кој со овие дополнување ќе биде вратен за да биде усвоен на пленарна собраниска седница.

Приоритетите до крајот на 2021 година ќе бидат насочени кон справување со последиците од пандемијата, преку зголемување на обемот на инвестициите со директна поддршка на активностите на компаниите, отворање на нови работни места преку активните мерки за вработување, како и поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија. Ова подразбира дека поддршката ќе се реализира преку креирање развојни фондови и слични инструменти за поддршка на извозни компании, мали и средни претпријатија, како и социјални претпријатија.

И понатаму останува определбата за поддршка на економијата со инвестиции на инфраструктурни проекти, редизајнирање на структурата на јавните финансии преку зголемено учество на капиталните расходи, како и зајакнување на процесот на планирање, извршување и известување за јавните финансии.

На денешната седница е донесена и Одлуката за распределба на средствата од Буџетот на Република Македонија за 2021 година наменети за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации.

Со оваа одлука се врши распределба на 19.800.000 денари од планираните средства во Буџетот на Република Македонија за 2021 година на 33 здруженија на граѓани за проекти распределени во 7 приоритети, и тоа:

Приоритет 1: Обезбедување забрзан и одржлив економски раст, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните, со вкупно доделени 6.600.000 денари;

Приоритет 2: Справување со светската пандемија предизвикана од КОВИД-19, со вкупно доделени 6.000.000 денари;

Приоритет 3: Заштита на животната средина, зелен развој, намалување на аерозагадувањето и влијанието на климатските промени, со вкупно 1.800.000 денари;

Приоритет 4: Владеење на правото, независност на правосудството, доследна и неселективна борба против криминалот и корупцијата со широка и обврзувачка транспарентност со 1.800.000 денари;

Приоритет 5: Квалитетно образование достапно за сите согласно побарувачката на пазарот на трудот со вкупно доделени 2.400.000 денари;

Приоритет 6: Модерна и ефикасна јавна администрација базирана на дигитализација која обезбедува квалитетни и брзи услуги за граѓаните и деловните субјекти со 600.000 денари; и

Приоритет 7: Успешно водење на пристапните преговори со Европската Унија со 600.000 денари.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јули 2021 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.07.2021 година.

Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јулските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27.07.2021 година, како и да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.07.2021 година (вторник);

– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.07.2021 година (среда);

– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.07.2021 година (четврток); и

– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 30.07.2021 година (петок).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This