По пандемијата, нова kpиза: Милиони се изложени на pизик на cмpт од глaд, предупредува Гутереш

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Милиони луѓе во светот се изложени на ризик од глад, а пандемијата на коронавирус и климатските промени ја зголемуваат заканата, изјави генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш.

– Без итна акција, милиони луѓе ќе дојдат до работ на екстремна глад и смрт – рече Гутереш пред Советот за безбедност за време на состанокот за врската помеѓу храната и безбедноста.

Гутереш рече дека повеќе од 30 милиони луѓе во повеќе од триесетина земји се „на само еден чекор“ од прогласување глад.

– Климатските шокови и пандемијата на ковид-19 додаваат масло во огнот. Имам едноставна порака: ако не ги храниш луѓето, храниш конфликти – рече тој.
Гладта повеќе не е поврзана со недостиг на храна. Сега до голем степен тој е создаден од човекот- и намерно го користам терминот. Нема простор за глад во 21 век – потенцираше генералниот секретар.

На крајот на 2020 година, повеќе од 88 милиони луѓе страдаа од акутен глад поради конфликт и нестабилност – зголемување од 20 отсто за една година, рече Гутереш, посочувајќи на трендот на влошување во 2021 година.

Меѓу подрачјата со висок ризик се Сахел, Африканскиот Рог, Јужен Судан, Јемен и Авганистан.

Гутереш рече дека за да се спасат 34 милиони луѓе во области со висок ризик, ООН и нејзините агенции бараат итна мобилизација на 5,5 милијарди долари. Тој најави дека формира работна група за „спречување на катастрофа“, претставена од Светската програма за храна и Организацијата за храна и земјоделство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This