ПО ПОЖAPOT: Инспекција ќе врши увид во фабриката за масло „Благој Ѓорев“ во Велес

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Општинскиот инспектор за животна средина веќе доставил писмено известување до сите надлежни инспекции во државава да направат увид во работењето и техничката исправност на апаратурата во фабриката за масло „Благој Ѓорев“ во Велес откако во петокот избувна пожap во силос полн со 400 тони пелети од сончогледови лушпи.

Како што информира за МИА, општинскиот инспектор за животна средина Билјана Шуркова Манаскова, тие веќе се во подготовка за казнена мерка против фабриката поради тоа што навреме не биле известени за пожapот, што предизвика загадување на воздухот во градот и поради опасноста да се предизвика поголема катастрофа.

Таа информира дека од денеска од кругот на фабриката почнале да се изнесуваат изгорените пелети кои беа оставени на бетонска подлога во дворот на фабриката да се изладат, а оваа акција на нивно отстранување од кругот на фабриката ќе трае до 3 октомври.

Инаку од 400 тони пелети од сончогледови лушпи од силосот кој гореше, 150 тони навреме беа извлечени и префрлени во друг силос. Пелетите од сончогледови лушпи кои се користат за еден од котлите за затоплување на фабриката беа складирани во силос за сончоглед, а кои се запалија изминатиот петок во 14 часот. Во силосот кога избувна пожapот не работела сондата која треба да ја покажува температурата, што е една од причините што веднаш не се реагирало.

Запалените пелети во силосот на Маслодајна, како што посочи Шуркова Манаскова, моментално минимално тлeaт и наскоро ќе се изгacнат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This