ПО СИЛЕН МЕЃУНАРОДЕН ПРИСТОК ОЈО ОТВОРИ СЛУЧАЈ: Кој од власта го игнорираше Рекет половина година?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако по силен меѓународен притисок ОЈО се реши да отвори истрага за случајот Рекет, во јавноста излегоа првите детали за тргувањето со правдата на СЈО врз осомничени во негови случаеви. Од првичните податоци дека дел од парите за рекет се дадени во март годинава, се поставува прашањето што правеле во тоа време па се до завчера институциите задолжени за гонење финансиски криминал.

Дали е возможно во толку мала држава толку моќни институции како МВР, односно Бирото за јавна безбедност, Финансиската Полиција и Управата за финансиско разузнавањњ да немаат ниеден податок за дејствијата кои ги превземал Бојан Јовановски врз неговите жртви. Во овие три институции работат вкупно повеќе од 1000 инспектори по финансики криминал и е неверојатно никој од нив половина година да нема ниту еден податок за рекетот кој пустошел низ Македонија. Зошто требало државата преку ОЈО да си дозволи да реагира во крајна нужда дури откако ќе стигне силен меѓународен притисок најпрвин од соседството, а потоа и од стратешките сојузници на државата? Дали токму ова не е најголемиот доказ дека Зоран Заев преку Оливер Спасовски, Арафат Муареми и Блажо Трендафилов бил покровител на криминалната спрега меѓу СЈО и Боки 13 врз осомничените бизнисмени. Зошто дури по инсајдерска дојава до стратешките партнери на државата, директорот на УФР Трендафилов се решава да одговори на дописите испратени од Русковска за банкарските одливи во готовина на дел од жртвите. Зошто сите горенабројани заедно со Русковска постојано го брифираа Заев за она за кое Героски индиректно јавно објави, а тоа е дека СЈО преку Катица Јанева врши трговија со правдата во Македонија.


Деновиве е видлив damage control-от кој жестоко се спроведува пред се од Заев, во спасување на урнатата слика за Катица и нејзиното СЈО. Заев знае дека иако има контрола врз тројцата први луѓе на МВР, ФП и УФР сепак во догледно време можно е речиси целосно да ја изгуби целосната контрола врз двете обвинителства ОЈО и СЈО што претставува негов најголем кошмар. Заев многу добро знае дека за него и тие околу него постојат предмети во ОЈО кои се чуваат во фиока и за кои во моментов не постои расположение да бидат глатко отфрлени. Одговорноста врз целиот овој случај со текот на времето ќе доаѓа кон него бидејќи упатените истражители во овој случај брифираат дека во дел од разговорите на првосомничениот во повеќе наврати експлицитно се споменува дури и името на Зоран Заев како партнер на Катица Јанева во трговијата со правдата во Македонија. Познавајќи го карактерот на првосомничениот, не е исклучено ако Заев се обиде целата вина да му ја префрли само нему, тој да проговори и да јасно да покаже со прст кон Заев и Јанева. За него тогаш политичката кариера ќе биде засекогаш и дефинитивно завршена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This