ШИЛЕГОВ ЈА ВРАТИ ДРИСЛА НА ГРАДОТ: Шолц е фалcифиkат – остануваме во битkа за Дрисла

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Депонијата Дрисла ќе се трансформира во ЈП на Град Скопје. Со 32 гласа “за” Советот на Градот донесе одлука за поништување на претходните договори и постапки за давање на депонијата под концесија.

Градоначалникот Шилегов вели дека одземањето на концесијата на германската компанија “Шолц” е одговор на нерегистрирањето правно лице од нивната страна во земјава, во законски предвидениот рок.

Со тоа што го раскинува договорот со геманската компанија “Шолц”која што сам ја одбра, Шилегов ги потврдува нашите наводи дека станува збор за сомнителна фирма, велат од ВМРО ДПМНЕ.

“Петре Шилегов треба да одговори дали зад ваквото раскинување стои неуспех за договарање на некаква провизија, познавајќи каков криминален октопод управува со државата. Тој пред еден месец не ги слушаше апелите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека потребно е враќање на Дрисла на градот Скопје, и распишување на нов избор за концесионер, тогаш арогантно тој одбиваше да ги прифати таквите позиции“, реагираат од партијата.

Правниот застапник на италијанската ФЦЛ Амбиенте, информира дека новите сопственици на холдингот “Шолц” сами барале поништување на постапката.

Шврговски очекува италијанскиот конзорциум да го задржи статусот на концесионер на “Дрисла” и поради тоа најави дека ќе побара времена мерка за стопирање на одлуката за формирање на ЈП.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This