По ckaндалот со плaгијаторството најавена вонредна инспекција на тетовскиот универзитет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Универзитетот во Тетово не ги коментира обвинувањата дека седум професори на Медицинскиот факултет направиле плагијат за што јавноста беше информирана од списанието „Веритас“. Контактирани од АЛСАТ, раководните лица на УТ не сакаа да зборуваат пред камерата. Во писмената реакција, институција воопшто не го коментира плагијаторството, туку се занимава со списанието „Веритас“, нагласувајќи дека станува збор за злонамерен обид за оцрнување на Универзитетот од списание без адреса, со анонимни издавачи и сомнителни агенди.

Инаку, што се однесува до пишувањето на „Веритас“ за скандалот во Тетовскиот универзитет, каде се посочува дека плагијат трудови има не само на Медицинскиот факултет, од редакцијата на публикацијата велат дека нивниот извештај е резултат на истражувачка работа направена во периодот јануари – јуни 2020 година. Други документи и материјали за остатокот од академскиот кадар се истражени и ќе бидат објавени во идните изданија на списанието, велат од „Веритас“.

Според поранешниот државен просветен инспектор Ѓорѓи Илиески, и овој случај е резултат на партизираното општество. Вели, еден е премиерот на државата, но паралелно со него имаме и еден друг „премиер“, лидер на партија на Албанците, па затоа и правната држава не функционира, а поделеното општество, според перцепцијата за корупцијата, но како држава, е на дното на светската неславна листа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This