ПРАВЕТЕ КАКО ШТО МИСЛИТЕ ДЕКА Е НАЈДОБРО: „Клатиглавите“ на претходното раководство, не можат да се снајдат во новиот политички концепт на Мицкоски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По немањето реакција од претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на писмото од протераниот Сашо Мијалков, започна новиот, најавен бран на пратеници од опозицијата кои ги следат директивите на нивниот “началник”, можеби не во насока на обезбедување на дополнителни гласови за промена на Уставот, но секако во обидот да се разниша стабилноста и монолитноста на најголемата политичка партија во Македонија

 

Во фазата на референдумската кампања, беа акцентирани две имиња за поддршка на уставните промени, Даниела Рангелова и Драган Данев, како претседателка на Унија на жени на ВМРО – ДПМНЕ и како координатор на пратеничката група.

Рангелова петокот на 19-ти октомври не требаше да се испазари со Заев. Нејзиниот пратенички глас според извори од партијата веќе беше откупен од Мијалков. Ова дотолку повеќе јасно е изразено, во партијата, каде Рангелова заедно со групата реформатори и артефакти на претходното раководство чија лојалност ја положува кај екс-шефот на УБК не бираат начини да се надоврзат на реториката на СДСМ и Зоран Заев во нападите врз ВМРО-ДПМНЕ.

Смешни се тврдењата на Рангелова, која по 12 години лагодно спроведување на нејзината функција, години во кои доскорешната претседателка на УЖ уживаше во благодетите на партијата на власт дека во истата немало демократија. Сега, повеќе од било кога претходно, како што и самата кажа раководството и пратениците имале одврзани раце да делуваат онака како што веруваат.

Но, можеби тоа е и грешката на Мицкоски кој на луѓе научени да следат наредби им даде можност за вклучување на сопствените глави во носењето на политичките одлуки. Како што кажа и Рангелова, со претходното раководство имало „јасни одлуки и насоки“ за тоа како треба да се делува, што дополнително укажува на фактот дека пратеничкиот состав не бил биран врз основа на политичкиот и интелектуален капацитет, туку врз основа на капацитетот да бидат „клатиглави“ – што би рекол коалициониот партнер на Заев.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This