ПРАТЕНИЦИТЕ ДО ТИМОНИЕ: Владата го злoyпотребува европското знаменце за да постави свои cyдии и oбвинитeли

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Група пратеници кои учествуваат во дискусиите за изнемите на Законот за Академијата за судии и обвинители бара помош од францускиот амбасадор Кристијан Тимоние да зачува институционалниот капацитет на Академијата за судии и обвинители, како и да се одржат високите објективни стандарди и принципот на еднакви шанси за секој сегашен и иден студент на оваа Академија.

Според нив, постојат основани сомневања за злоупотреба на системот од страна на генералниот секретар на Владата Драги Рашковски при конкурсите за влез во Академијата за судии и обвинители, а владата продолжува да ги турка измените на Законот за АСЈО преку злоупотреба на знамето на ЕУ, за вештачки да ја скрати постапката во Собранието.

Дополнително, за власта да може полесно да го етаблира клиентелизмот и непотизмот при изборот на идните владиноподобни судии, со законските измени предлагаат да се девалвираат објективно добиените поени, а Комисијата за приемен испит да учествува со дури 70% субјективни/дискрециони оценки за кандидатите, наспроти досегашните 10%. Доколку на ова се додадат информациите кои се појавија во јавноста дека деца и блиски роднини на високи судски и обвинителски функционери, на високи функционери во Собранието, како и на истакнати владини и партиски активисти се на “листата на привилегираните” за сигурен влез во Академијата, станува јасно дека мерит системот на оваа институција станува суштински загрозен, пишува пратеникот Антонио Милошоски, еден од потписниците на писмото упатено до Тимоние.

 

И покрај сите укажувања за основани сомневања за злоупотреба на системот од страна на ген.секретар Рашковски, при…

Posted by Antonio Miloshoski on Thursday, September 19, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This