Пратениците морале да се вakциниpaaт, ќе биле меѓу првите вakциниpaни во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Арбен Зибери, претседател на Комисијата за здравство во Собранието, денеска гостуваше во Студио 10, каде изјави дека до сега има многу луѓе кои ги поминале вирусот и дека не сме во почетна фаза.

Тој вели дека цела година имаме некоја скала на колективен имунитет, но и со вакцините ќе се постигне баланс и да се врати нормалниот живот и тие ќе се даваат на оние кои ја немале болеста, објави ТВ24.

– Во февруари ќе почнеме со давање на вакцината и земјите каде е почната вакцинацијата се членки на ЕУ. Во Србија се користат кинески вакцини и има претставништво „Фајзер“. Фокусот на Фајзер и сите компании сигурно е поголемиот пазар и ова е глобален проблем, вели Зибери.
Зибери смета дека пратениците треба да се вакцинираат за да може да функционира Собранието, но и оние кои не ја имале болеста и немаат антитела.

– Јас имам антитела и нема потреба да се вакцинирам, зошто ја имав болеста, вели Зибери.
Тој смета дека во неколку земји веќе се зборува за лек против вирусот, не само вакцина, зашто не е сигурно колку ќе штити вакцината и колку ќе трае.

Штом биде достапна вакцината во земјата, први ќе ја примат лекарите, медицинскиот персонал и сите други на првата линија во борбата со пандемијата, потоа хронично болните, возрасните граѓани, вработените во градинките и другите на приоритетната листа.

Потоа, ќе се вакцинираат политичарите. Премиерот Зоран Заев, како што најавија од Владата, ќе даде личен пример во насока на давање поддршка во напорите за сузбивање на Ковид-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This