ПРАТЕНИЦИТЕ НЕ СМЕЕЛО ДА БРКААТ ПО КОНТЕЈНЕРИ: Џафери загрижен за социјалната сигурност на пратениците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Собранието Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите не негираше дека постои иницијатива за закон за пратенички привилегии и кажа дека не може да даде коментар додека не го види текстот на законот, пренесе Пресс24.

– Идеја како идеја може да постои, може да ја даде било кој пратеник. Но, кај мене нема пристигнато текст или драфт верзија на Закон за пратеници. Можам да се произнесам откако ќе го видам – изјави Џафери.

Во разговор со новинарите Џафери кажа дека во многу земји во светот, со законско решение бил уреден статусот на пратениците по истекот на мандатот.

– И во тие држави има невработени, социјалци, бездомници, не само кај нас. Но сите проблеми се уредуваат со закон – рече тој.

Тој посочи дека „не може некој да биде пратеник 4 години, а после да брка по контејнери“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This