ПРАТЕНИЦИТЕ ОДАТ НА ОДМОР: На крајот од август ќе се pacправа за јавното обвинитeeлство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратениците прво ќе одат на одмор, а кога ќе се вратат ќе расправаат за Законот за јавно обвинитeeлство. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, седницата ја закажа за 27 август.

Владата испрати свој предлог до законодавниот дом во кој ги прифати дел од забелешките на опозицијата и предложи спојување на СЈО со Обвинитeeлството за гонење на организиран криминал и корупција. Предметите на СЈО, според тој предлог, кои се во судска постапка ќе ги преземе новото обвинитeeлство. Исто така, се предлага ресурсите со кои располагаше Катица Јанева да ги преземе тоа обвинителство. Премиерот Зоран Заев кога го презентираше предлог-законот, рече Вилма Русковска да остане на чело на обвиниeeлството бидејќи се уште има мандат, а обвинитeeлите од СЈО ако сакаат да конкурираат за обвинитeeли во него, па да одлучува судскиот совет.

Во земјава следуваше и посета на еврокомесарот Јоханес Хан и в.д. помошник заменик државен секретар на САД, Филип Рикиер, кој испратија јасни пораки дека овој Закон за јавно обвинитeeлство мора да се донесе. Рикер беше и остар кон опозицијата упатувајќи пораки дека времето на политички игри е завршено.

Паралелно и ВМРО-ДПМНЕ излезе со свој предлог-закон. Мицкоски побара предметите на СЈО да ги преземе државниот обвинитеeeл Љубомир Јовески, а обвинитeeлите од СЈО прво да подлежат на истрага, па потоа да се избираат дали ќе работат во новото обвинитeeлство или не.

Приближувања од првичните ставови во преговорите кои траат со месеци има, но засега нема никакви сигнали за конечен договор меѓу власта и опозицијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This