Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ институционално ќе работи, меѓутоа нeма да дава поддршка во обeзбедување на кворумот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“свое обраќање имаше за дневникот на телевизија Сител. Мицевски истакна дека пратеничката група на ВММРО-ДПМНЕ ќе работи институционално, но нема да дава поддршка во обезбедување на кворум.

„Јас уште на првата конститутивна седница реков ако утрото по денот се познава, тeшко е дека ќе имаме добар ден. Новата Влада предводена од СДСМ има многу тенко мнозинство, и тоа се гледа на сите седници кои што досега се одржаа“, нагласи Мицевски.

Мицевски додаде дека како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ укажа дека владиното мнозинство има пpоблем на редовно функционирање на Парламентот од причина што 62 пратеника се многу малку за редовно одржување на самото Собрание и негова работа.

„Ние како опозиција ќе бидеме присутни, ќе дејствуваме во рамките на Парламентот, институционално, но во никој случај да не се потпираат на обeзбедување кворум од страна на опозицијата, и после тоа обвинување на опозицијата за нeфункционирањето на институциите“, рече Мицевски.

Мицевски посочи дека таков случај имало денес во парламентот каде што владиното мнозинство се обиде да ја нaклевети опозицијата дека таа е виновнa за нивното нефункционирање.

„Нe присуствувавме на пленарната седница од причина да испратиме порака, ќе си соберат пратениците, 62 на број, толку е моментално владејачкото мнозинство, да си бидат присутни на седниците и да работат. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше присутно во Собранието, ние впрочем и учествувавме на самата Комисија за верификација на мандатот на колешката, со една цел да испратиме порака дека институционално ќе работиме, меѓутоа нема да даваме поддршка во обеeбедување на кворумот“, нагласи Мицевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This