ПРВА ЌЕ СЕ СМЕНИ ДЕСЕТДЕНАРКАТА: Рacпишан тендер за банкноти од 10 денари со нов дизајн!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Народна банка почна со менување на името на книжните пари.

Првата промена се реализира кај книжните пари од 10 денари. На крајот на минатиот месец Централната банка распиша оглас за набавка на книжни пари изработени од полимер со апоенска вредност од 10 денари.

Во тендерската документција се вели дека дизајнот вклучува и промена на името Народна банка на Македонија во Народна банка на Република Северна Македонија, како и дека НБРМ се менува во НБРСМ секаде каде што се споменува на парите.

Се набавуваат 20 милиони парчиња од парите. Проценетата вредност на набавката е 62.000.000 денари, постапката е отворена, а критериум за добивање на договорот е најниска цена.

Понудите ќе се отвараат на 15 мај.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This