ПРВ РАБОТЕН ДЕН НА ПЕНДАРОВСКИ: Тој е петтиот шеф на државата, а денеска му е првиот работен ден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот претседател Стево Пендаровски е петтиот шеф на државата, денеска му е првиот работен ден од петгодишниот мандат во Вила Водно.

Во Собранието на Република С Македонија новиот претседател изјави дека ќе биде претседател на сите граѓани на Македонија.

-Првата работа што ќе ја направам е да подадам рака за соработка кон опозицијата, рече претседателот Пендаровски на инаугурацијата, додавајќи дека време е да почне граѓанското помиpyвање зашто немаме резервна татковина која можеме да ја наречеме наш дом.

На свечената седница во Собранието присуствуваа претседателите на Србија, Бугарија, Албанија и Косово, министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, шефот на грчката дипломатија Јоргос Катругалос, високи делегации на Турција, Полска и Словенија, пратеници, владини функционери и дипломатски претставници.

Честитка по повод инаугурацијата на Пендаровски упати и премиерот Зоран Заев.

Новиот претседател првите меѓународни средби ги имаше со високи државни делегации од соседните балкански држави кои присуствуваа на свечената седница во Собранието. Тој се сретна со претседателот на Србија Александар Вучиќ, на Бугарија Румен Радев, на Албанија Илир Мета и на Косово Хашим Тачи.

Пендаровски, кој беше поддржан од СДСМ и Коалицијата, на втор круг од претседателските избори освои 436.212 гласа, или 51,66 отсто од гласовите на граѓаните кои излегоа на гласање.

Новиот претседател Пендаровски пет години ќе ја претставува земјата на меѓународната политичка сцена, а своите права и должности ќе ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите. Тој според утврдените пpaва и должнocти со Уставот и законите на Република Македонија, претседателот го определува мандаторот за состав на Владата на Република Македонија, ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и пратениците на Република Македонија во странство, ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници, склучува меѓународни договори во име на Република Македонија, доделува одликувања и признанија и дава помилувања.

Latest News

Getting Started with the 82 Lottery App A Comprehensive Guide

Have you ever dreamed of winning big in the lottery? With the 82 Lottery App, you can turn that...

More Articles Like This