ПРВ СЛУЧАЈ НА KOPОНА ВО МАКЕДОНИЈА: Повратник од Италија е првиот зaбoлeн од кopoнавиpyc во нашата држава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Маж, повратник од Италија е првиот заболен од коронавирус во Македонија, дознава А1он.

Се очекува информацијата да биде потврдена од страна на министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во 16.30 часот. Неофицијално, станува збор за третото лице за кое претходно министерот кажа дека резултатите се уште не се готови. Заболениот од коронавирус сам се јавил на клиниката за Инфективни болести во Скопје, заедно со уште двајца пациенти. Сите допатувале од Италија во Македонија. Другите две лица беа негативни на коронавирусот. Во меѓувреме, како што дознаваме, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ забранети се посети, вратите на дел од клиниките се затворени и се врши дезинфекција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This