Преговорите на Зaeв за нова Bлaдa ќе ја втypнат Македонија во мeѓyeтничка kpизa?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, вчера во македонскиот парламент не успеале да се договорат околу формирањето на новата влада. Но, од изјавите по неа, како и од тоа што и претходеше на средбата, станува сосема нејасно за што воопшто разговараат двајцата лидери-дали за формирање нов кабинет или за нова меѓуетничка криза?!

Али Ахмети вчера ги повика лидерите на останатите парламентарни партии од албанскиот политички блок на средба во хотелот „Парк“ на 13 август, точно на пладне, токму на денот на потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Притоа, за жал, тој не соопшти што е причината за поканата-дали одбележувањето на потпишувањето на договорот или, пак, обид за постигнување политички консензус за избор на прв премиер Албанец, што беше основното мото на ДУИ во изборната кампања.

Околу изборот на премиер Албанец, партиите од албанскиот блок веќе се изјаснија. И во кампањата и по неа. Но, обединувањето на сите албански партии околу ова повеќе од сигурно ќе сврти нова страница на домашната политичка сцена.

А, тоа делумно го најави и Зоран Заев. Поканата на Ахмети до своите ривали за средбата во хотелот „Парк“, тој ја чувствува како притисок.

-Дадов коментар на директно прашање дали повикот на ДУИ да се состане со сите политички партии на темата претседател на Владата на предлог на ДУИ, да, го чувствувам како притисок. Понатаму нема да разговарам, сакам да дадам шанса на разговорите, нормално е заради тоа што може и сите политички партии кои се претставници на неалбанските граѓани во државата, од неалбанската етничка заедница, значи може и тие да се соберат. Значи, можеме ние и со претставници на бошњачките партии, и со ВМРО-ДПМНЕ и со турските партии и слично, треба да се води грижа и за тоа. Ако е поводот Охридскиот рамковен договор и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат таму, изјави Заев.
Токму ваквата поларизација на етничка основа може да биде најлошото можно сценарио. Зашто, на една страна би се нашле парламентарните партии од албанскиот блок, а на другата сите останати. И пројавата на македонски национализам кај Заев сигурно не е случајна, без разлика дали во заднина станува збор за коалициски политички пазарења или за недоразбирања околу личноста на идниот премиер.

А, токму во заедничкото соопштение, што пред некој ден го испратија СДСМ и ДУИ, меѓу другото стои дека меѓу приоритетите на нивниот нов владин кабинет ќе биде елиминирањето на национализмот.

Во соопштението, за волја на вистината, не стоеше против кој и каков национализам ќе се борат СДСМ и ДУИ. Но, развојот на настаните потврдува дека и едните и другите не можат да се одвојат од сопствениот национализам-ДУИ од албанскиот, а СДСМ од македонскиот. Притоа, залудно е Заев да глуми „разочаран љубовник“.

Колку и да сака СДСМ да се дистанцира од македонскиот национализам, во случајов тоа не може да го стори перверзно прикривајќи се со еднострано вмешување на бошњачките или турските партии, а најмалку, пак, на ВМРО-ДПМНЕ, која нема ништо заедничко со преговорите на Заев и Ахмети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This