ПРЕДЛОГОТ ЌЕ БИДЕ СТАВЕН НА РАЗГЛЕДУВАЊЕ ПРЕД ПАРТИСКИТЕ ТЕЛА: Официјалниот став на ВМРО-ДПМНЕ по разгледувањето на предлогот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по крајот на лидерската средба, кажа дека она што било шпекулација во македонските медиуми минатите денови и онаа шпекулација што вчера Зоран Заев кажа пред јавноста дека е шпекулација излезе дека е вистина.


Мицкоски порача дека за предлогот кој им бил соопштен од Заев и Димитров ќе ги информира органите на својата партија. По тоа, се очекува да биде заземен конечен став од нивна страна.

Тој кажа дека целокупниот процес се водел во тајност и егзебиционистички, загрозувани биле националните позиции на Македонија. Тој кажа дека патот до целта е јасен, а тоа интеграција во ЕУ и Нато, но траекторијата е различна.

-Денеска за прв пат бевме запознаени со предлогот кој Зоран Заев и Никола Димитров го прифатиле, истиот ќе биде претставен и презентиран пред органите на партијата и понатаму партијата благовремено ќе ја информира јавноста. До овој момент нашиот став е непроменет и повторен во многу наврати во минатото, изјави Мицкоски.

Мицкоски кажа дека било прифатено промена на Уставот со цел промена на утавното име.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This