ПРЕНЏОВ: Благодарение на Заев за да влеземе во ЕУ треба да се откажеме од јазикот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Да заклучиме што под добрососедство подразбира бугарската држава:

1. Македонски јазик да го заборавиме, да пишуваме “ јазик согласно Устав на северна”
Под оваа кованица го потпишаа и договорот за “добрососедство” Од друга страна пак, нели јазикот го “бетониравме” ?
2. Побрзо да работи комисијата за историски факти, а владата на северна да потпише и “признае” дека нема сопствена историја до 1944година, т.е сама да си напише дека е Титова “творевина” односно како што милува да каже добрососедска Б’лгарија “ неосвестени Б’лгари” кои зборуваат “развален б’лгарски јазик, куцан на српска машина”
3. Да се откажеме од тоа дека живеат Македонци во западна Бугарија. Зошто? Затоа што не постои народ во светот а негови претставници да не живеат и во друга држава (пред се, соседна). А, и, да не случајно, утре, на некој од таму му текне да побара човекови права и да не се согласува со капитулацијата на владата на Северна…
Со ова бугарската држава би ги завршила вековните “мегали” аспирации, без војни, санкции или слично. Лекот е познат уште од пред 2500години. Најдобро го опишал Тукидит во “Мелијанскиот дијалог”. Најди предавници меѓу твоите “непријатели” и, успехот и победата ти се загарантирани, пишува на Фејсбук потпретседателот на ГРОМ, Љупчо Пренџов.
 

 

Да заклучиме што под добрососедство подразбира бугарската држава:1. Македонски јазик да го заборавиме, да пишуваме “…

Posted by Љупчо Пренџов on Friday, April 24, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This