Пренџов: Пoдeлбaтa нa гpaѓaнитe нa вakциниpaни и нeвakциниpaни e “фaшиcтички пpиcтaп”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од ГРОМ Љупчо Пренџов, на социјалната мрежа Фејсбук коментира дека поделбата на граѓаните на вакцинирани и невакцинирани е „фашистички пристап“.

Пренџов исто така додава дека свадбите ќе поминат, иселениците ќе заминат, а ние ќе си живееме со “Нов бран корона” и за тоа единствени виновници се Филипче и Заев.

Во продолжение статусот на Пренџов:

Угостителите и останатите “полначи” на државниот Буџет, повторно ќе ги плаќаат грешките и промашените предвидувања на владата.

Граѓаните и нивните поколенија, се разбира дека ќе бидеме тие кои ќе ги враќаме кредитите што допрва ќе ги земаат неодговорниве властодршци.

Наместо, како секоја одговорна Влада да воведеа негативен ПЦР тест за влез во Македонија, тие тотално потфрлија и ја потценија состојбата. Ако на 150-200 активни во периодот пред летните одмори и “Ивковите слави (свадби)”, направеа контрола кој влегува во државата, денес немаше да имаме по 150-200 новозаразени сограѓани на ден, со тенденција таа бројка да расте.

Свадбите ќе поминат, иселениците ќе заминат, а ние ќе си живееме со “Нов бран корона” и за тоа единствени виновници се Филипче и Заев.

Во поглед на задолжителното вакцинирање повторно работата ја фаќаат на “ѓон”, на сила. Поделбата на граѓаните на вакцинирани и невакцинирани е “фашистички пристап” и нѐ носи кон нови поделби и непотребни дебати. Без доза на самокритичност, прифаќање на одговорност за состојбата, и се разбира оставки, тие решија по кој знае кој пат целата вина да му ја префрлат на народот. Нивната девиза е “пушти црв” помеѓу граѓаните, тие меѓусебно да се обвинуваат и дебатираат на тривијални теми, а потоа истите овие од власта ќе ги спасуваат граѓаните кои предходно, смислено ги раскарале, со некое ново ваучерче пред избори.

Нема да ви помине овој пат, прочитани сте!!! – стои во објавата на Пренџов.

Статусот на Фејсбук може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This