Пренџов: Трет ден се чудам зошто на Левица им смета да пишува во лична карта „Македонец“?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот Љупчо Пренџов е зачуден и објави статус на Фејсбук во кој изразува чудење од однесувањето на Левица, по однос на Закон со кој ќе може во личните карти да пишува дека си македонец,

Со “Преспанскиот договор” како формален чин и уште некои “неформални договори” ние Македонците практично немаме каде да се декларираме како такви. Никаде не можеме да напишеме дека сме, и дека се чувствуваме како Македонци.
Неделава во Собранието на Р. Македонија пристигна закон со кој се овозможува во личните карти да стои графа со етничка припадност. Овој Закон го подржувам затоа што секој граѓанин има право да се изјасни за неговата етничка припадност во едно граѓанско општество. Во нашево “едно општество за сите” претпоставувам дека ова највеќе ни требаше нам, на припадниците на Македонскиот народ.
Но, истиот овој закон деновиве беше блокиран од политичката партија (или што и да се) “Левица”.
Трет ден се чудам, што им смета на колегите Апасиев и Крмов што сите ние во нашите паричници ќе имаме Лична Карта во која ќе пишува на пр. Љупчо Пренџов/Македонец??!!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This