ПРЕПОРАКИ НА ВЛАДАТА: Спортските натпревари да се играат без публика до 6 март и да се откажат мacoвни јавни coбири

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата препорача да се откажат масовните јавни собири до 6 март, а спортските натпревари да се играат без публика, по предлогот на министерот за здравство Венко Филипче. Одлуката доаѓа по појавата на првиот случај со коронавирус во земјава, a уште 14 лица се во изолација.

Препораката на Владата се однесува на поголемите јавни собири кои се планирани во овој период, како што се Струмичкиот карневал, Карневалот ‘Прочка’ во Прилеп“ и сите слични. Владата им препорачува на организаторите на спортските настани, натпреварите во утврдениот период до 6 март да се играат без публика. Истата препорака на Влада се однесува и на сите други поголеми забавни и културно-уметнички манифестации, објави министерот.

Министерот утрово кажа дека по вчерашниот состанок со епидемиолозите дадена е препорака да се ограничат масовните јавни собири, и дека согласно Законот за спречување на заразни болести, врз основа на Комисијата за заразни болести, го поднел предлогот до Влада и го доставил до Управувачкиот комитет на Центарот за управување со кризи.

Во затворен простор ризикот од пренесување на инфекцијата е поголем, но истото важи и за отворен простор, ако дистанцата меѓу луѓето е мала, а тоа е безбедна дистанца од 1 до 1,5 метар, што на карневал е невозможно да се почитува. Сметам дека треба да се откажат сите големи јавни собири, вклучително и спортските натпревари“, рече Филипче.

Владата апелира до сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработените во основно, средно и високо образование, како и учениците и студентите кои изминативе две недели престојувале во земјите со официјална епидемија со коронавирус да не доаѓаат на работа.

На оваа седница, Владата ги задолжила Пазараната инспекција и Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија (МАЛМЕД) да направи увид и контрола на залихите на заштитните средства за заштита од пренесувањето на вирусот во аптеките и доколку утврди неосновано покачување на цените да преземе мерки соодветно за законските прописи и овластувања.

Владата го задолжила Министерството за внатрешни работи до наредната седница да достави информација како се спроведуваат мерките што ги одреди Кризниот штаб.

Како еден од заклучоците на оваа седница е и одлуката да се воспостави соработка со „Црвен Крст“ на Македонија и да се повикаат нивните волонтери да асистираат на граничните премини во анкетите на лицата што влегуваат во земјата во соработка со припадниците награничната полиција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This