ПРЕСВРТ ВО СЛУЧАЈОТ „СКРИПАЉ“: Нервниот агенс со кој бил отруен, развиен во САД!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Соединетите Американски Држави го развиле гасот А-234, имаме документ кој тоа го потврдува, изјави шефот на лабараторијата за хемиска и аналитичка контрола на научниот центар на Министерството за одбрана на Русија Игор Рибљаченко

„Фектот дека уште во 1998. година, со прегледување на уште една верзија на спектралната бибилиотека, која ја објави Националното биро за стандарди на САД, пронајдовме сусптанца која нам ни беше занимлива, бидејќи станува збор за органофосфорна супстанца. И разбравме дека таа мора да има силен смртоносен ефект. Сега се докажува, судејќи по називот на оваа сусптанца, тоа бил истиот нервен агенс А-234“, рекол Игор Рибљаченко за телевизијата „Русија 1“.

Тој додава дека оваа супстанца во американската база на податоци ја додал членот на Центарот за истражување и развој на вооружување.

„Најинтересниот детал во оваа приказна е дека во следните верзии на базите на податоци, која обично само се проширува, постојано се дополнува со се повеќе супстанци, не го најдовме овој запис. И не можам да објаснам каде е сега“, истакнал рускиот воен хемичар.

Тој исто така наведува дека станува збор за тешка и испарлива супстанца, судејќи по нејзината молекулска формула и маса.

„Можам да потврдам дека тоа точно одговара на формулата која ја објави Мирзајанов. Хемискиот назив на оваа супстанца е А-234, а Борис Џонсон ја нарече ‘Новичок’, како сусптанца достапна во лабараторијата Порт Даун“, истакнал Рибљаченко.

Нервниот агенс со кој е отруен Сергеј Скрипаљ можела да се нанесе на кожата со прскање или да се додаде во храна, објаснува научникот.

„Се зависи од дозата и начинот на нанесување. Оваа супстанца може да се нанесе на кожата со прскање во облик на аеросол, да речеме, од конзерва и додавање во храна. Зависи од врстата на апликацијата и дозата, пворедите можат да бидат со различна јачина“, вели тој.

Случај „Скрипаљ“

Во британскиот град Солсбери на 4. март е отруен бившиот полковник на Главната оперативна управа на Русија (ГРУ), Сергеј Скрипаљ, кој работел за британските разузнавачки служби, и неогвата ќерка Јулија. Британците тврдат дека труењето на Скрипаљ со супстанцата А234 е вмешана Русија.

Во врска со тоа голем број на западни земји објавија дека ќе превземат мерки против Русија.

Во Македонија пак, амбасадрот на САД Џес Бејли на социјалните мрежи го осуди „нападот на Русија на туѓа територија“ и му даде поддршка на Герет, кој неколку дена претходно во весникот со грчки капитал во Македонија, „Независен весник“ објави интервју во кое го нападна Рускиот амбасадор и Руската Федерација како „злочинци“ кои вршат влијание врз Русија.

Непознато е дали по ваквите докази двајцата ќе се извинат што ја довеле Македонската јавност во заблуда.

27 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This