ПРЕТРЕС ВО СОБАТА НА МИЈАЛКОВ: Завтворската управа одземала три мобилни телефони од собата на Мијалков

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неофицијално, додека траел распитот пред надлежен судија во врска со предметот на СЈО „Имеперија“ каде беше побаран нов привтвор за екс-директорот на УБК Сашо Мијалков, во неговата ќелија затворската управа направила претрес при што биле пронајдени и одземени три мобилни телефони

 

Редакцијата на „Инфомакс“ не успеа да стапи во контакт со директорот на истражниот затвор Котевски, но информацијата на социјалните мрежи ја сподели и новинарот Миленко Неделковски.

Екс-шефот на тајната полиција беше привтворен минатата недела во хотелот „Мериот“ додека бил на состанок со пратениците „одметнати“ од ВМРО-ДПМНЕ на кој, наводно се разговарало за следните чекори во процесот на уставни измени.

Причина за привтворот беше опасноста од бегство, откако екс-премиерот Никола Груевски доби азил во Унгарија. Привтвори добија и Миле Јанакиески и Кирил Божиновски.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This