Претседателот поднесува оставка, Талибанците воспоставија контрола над цел Авганистан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Талибанските претставници во моментов разговараат со авганистанските власти во претседателската палата во Кабул, пренесува ТАСС повикувајќи се на телевизијата Ал Арабија, додавајќи дека актуелната влада на Авганистан би можела да ги пренесе овластувањата на преодната влада во следните неколку часа.

Талибанците очекуваат мирна транзиција на власта во следните неколку дена, изјави денеска портпаролот на политичката канцеларија на Талибанците во Катар, Сухаил Шахен, во моментот кога бунтовниците стигнаа во главниот град на Авганистан, Кабул.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани се согласи да поднесе оставка, пренесе РИА Новости.
Шахен додаде дека екстремистичката исламистичка група ќе ги штити правата на жените, како и слободите на медиумските работници и дипломати.

Талибанците, според ТВ АЛ Арабија, соопштија дека воспоставиле контрола над целиот Авганистан.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This