ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЕУ БАРААТ АГРЕСИЈА НА БАЛКАНОТ: Карл Билт побара испраќање на борбени трупи поради опасноста од конфликт во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екс-премиерот на Шведска и висок претставник во БиХ, во сопствен авторски текст вчера повика на „испраќање на силна порака во земјите од Западен Балкан“ преку испраќање на воени трупи во Македонија, кои ќе одржат воени вежби и ќе и покажеле на Русија дека ЕУ е сериозна во врска со геополитичките интереси на овој простор

karl_bilt

Од кога тоа ЕУ има борбени трупи? Европската војска постои само во приказните и најавите кои се појавуваат од време на време, додека во реалноста постои војска на НАТО. Дали предлогот на Карл Билт значи НАТО повторно „превентино“ да биде агресор? – прашува Ненад Зориќ во текст објавен на Спутник.

– Со цел да биде решен „се поголемиот ризик од конфликт на Балканот“, Карл Билт на Европската унија и предлага да „демонстрира дека поседува волја и методи такао што во регионот ќе испрати свои борбени групи да изведат воени вежби“! Тоа според Билт би „испратило моќна порака дека нејзините воени сили не се тигар од хартија, односно, дека има сеуште потенцијал кој може да се употреби“.
Avion_NATO

Она што малку го знае, вели Зориќ, а погрешно го интерпретира па постојано го споменува Гаврило Принцип во негативен контекст, вчера во авторскиот текст во кој во секоја реченица избликнува грижа за државите на просторот на Западен Балакан, а истовремено во секој ред вреска понудата на Билт за некој нов ангажман, повторно го спомена Принцип во смисла на жешката ситуација во Македонија – пишув Зориќ.

Земјите на Западен Балкан навистина се определени за ЕУ, со тоа што анкетите на јавното мислење во последните години зборуваат тотално спротивно од она што лидерите на тие земји го планираа и сакаат. Но едно е желба за членство во економско-политичкото семејство, а сосема друго е анексија на тие земји. Кога војска на некои држави ќе влезе во подрачје на друга држава без повик, тоа се нарекува анексија. Колку и да се труди овој миротворец тоа да го оправда – додава Зориќ.

Покрај останатото, народите од Балканот не се диви племиња – без разлика колку тоа на Билт и на другите билтови од Западот им одговара и колку тие народи понеогаш и сами се однесувале така жестоко натерани да направат така – за да може потоа „цивилизацијата“ насилно да им се воведува – објаснува Зориќ.

Бидејќи во своето писание Билт ја користи конструкцијата дека „од пропаста на Отоманското царство, Балканот е извор на нестабилнтс“, значи ли тоа дека овој дипломат навистина мисли дека само поробен Балкан е мирен Балкан?

27 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This