Бебе на возраст од неколку месеци е заразено со коронавирус, потврдиле за „Слободен печат“ извори од министерството за здравство.
Во извештајот на Институтот за јавно здравје денеска е заведено дека таа се движи од 0 до 91 година.
Претходно, најмалиот пациент заразен со Ковид-19 имаше две години.
Министерот за здравство Венко Филипче, на една од претходните прес конференции запрашан за тоа како коронавирусот ги афектира новороденчињата, рече дека во научните студии досега не е пронајден случај на вертикална трансмисија на вирусот од мајката на бебето.