ПРИЛЕПЧАНЕЦ ЈА УPHA CTИГМАТА ОКОЛУ KOPOHABИРУСОТ: Зборува за неговото искуство со опacниот виpyc

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рубин Јованоски (51), прилепчанецот кој ја турна стигмата за Корона вирусот

Прилепчанецот Рубин Јованоски (51), со својата објава на ФБ, ја урна стигмата за заразувањето со коронавирусот и прв се огласи во јавноста дека е позитивен со цел да ги заштити сите лица со кои бил во контакт. Тој на 2 април на својот профил напиша: ,,Пријатели, пред неколку часа ми е соопштено дека сум позитивен на коронавирусот. Моментално сум хоспитализиран во прилепската болница. Сите со кои имав контакт се известени од моја страна, но сакам да ги известам и останатите кои работат во Основно јавно обвинителство и во Основен суд во Прилеп, кои имале контакт со мене, доколку почустуваат било какви симптоми да се јават во Центарот за Јавно здравје. Вирусот го добив на работа, при контакт со вработените во Основно јавно обвинителство во Прилеп. Во периодот од 11 до 17 март бев на работното место, од 18 март се наоѓам во самоизолација,,.

Неделниот весник Зенит направи интервју да го сподели неговото искуство и да упати порака до граѓаните дека болеста е сериозна, а уште посериозно треба да биде однесувањето на прилепчани.

– Бевте прв кој собра сила јавно кажавте дека сте позитивен на Ковид 19, кој е нов вирус, непознат за човештво и медицината. Зошто го направивте тој чекор. Дали бевте водени од сериозноста на болеста и состојбата во светот?

– Бидејќи ова болест е нова и не сме запознаени. Секој момент, што се вели еден ден многу менува за заболените од овој вирус. Секој може да биде позитивен. Не е срамота да се биде позитивен и никој не сакада се зарази. Но, со самото кажување, откривање, можеш да се помогне. Тоа е најпаметна работа. Не можеш да се сетиш со сите луѓе со кои си контактирал. Нон стоп се движиме, одиме на работа, но кога ќе кажеш, колегите, пријателите роднините, ќе имаат можност побрзо да си бараат чаре. Доколку им се појави било каков симптом, а знаат дека се позитивни, а биле во контакт, полесно ќе се самоизолират. Ќе имаат можност благовремено да се обратат кај матичниот лекар. Затоа што секој ден носи поголеми шанси да се преживее. Дури 99 насто од коментарите на ФБ беа со желби за побрзо оздравување. Во градов, за жал го има и еден отсто кои не веруваат, некој вели дека е лага итн.

– Како започнаа првите знаци на заразувањето?

– На 13-от ден ми се јавија првите симптоми, температура и тоа не некоја висока 37,2 до 37, 4 и тоа два – три дена. Па почна да ми се наголемува на 38.5 и нагоре. Така дојдов до бронхопневмонија. Ме тестираа, после тестирањето веднаш ме хоспитализираа во инфективното одделение во прилепската болница. Денес (14 април) ми е 14-ти ден. После 15 дена треба да се направи прв контролен брис, па по неколку дена, втор и така.

– Имаше ли болки, како се чувствуваше?

– Тоа е индивидуално. Неколку пациенти сме во собата и сите различно ја манифестираме болеста. Кај мене беше само температурата и дијареа. Само тие два симптоми. Другите имаат температура, кашлање, кај секој е различно.

– Нова болест е за која лекарите велат дека има непредвидлив тек. Емотивно како се држиш, чувствуваш ли страв за себе и твоите блиски?

– Мислам дека ги минав критичните денови. Најмногу стравувам за моите најблиски, за сопругата и двете ќерки. Инаку, емотивно и физички се чувствувам добро. За мене не се плашам. Позитивно размислувам и ме радуваат секојдневно оптимистичките охрабрувања од лекарите дека контолните крвни слики и рентген снимките на белите дробови се подобри. Секој ден како што врви, сум подобро и подобро.

– Како минуваат деновите во болничката соба. Делите истата судбина со опаката болест со уште двајца прилепчани?

– Во собата сме тројца болни. Креветите се на растојание од метар иполовина. Денот минува со меѓусебна поддршка и помош. Не може да се опише. Кога човек ќе дојди овде, секој е совесен и се придржуваме кон мерките. Ја сваќа суштината дека не е нешто обично. Го почитуваме режимот на однесување меѓу себе, хигиената и сите препораки. Се одржуваме на највисоко ниво.

Целото интервју прочитајте го ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This