ПРИЛЕПЧАНИ ЌЕ ЗЕМААТ КРЕДИТ ЗА ДА ГИ ПЛАТАТ СМЕТКИТЕ ЗА ВОДА: Повисоките сметки за вода за цели 50%, а градоначалникот ви ветуваше 20% пониски?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И покрај предизборното ветување на градоначалникот Јованоски за намалување на сметките за вода за 20%, на продолжението од 20-тата седница на Советот на Општина Прилеп, што се одржа на 13.11.2018 година, беше донесена одлуката за финансирање на пречистителната станица во Прилеп.

За оваа намена прилепчани ќе плаќаат по 17,35 денари за секој метар кубен потрошена вода, огромен трошок кој ќе удри по џебот на секое семејство.

Ако за пример земеме сметка со 15 метри кубни потрошена вода во месецот, која изнесуваше 540 денари, со дополнителниот трошок од 17,35 денари за секој потрошен метар кубен вода, истата за месец јануари ќе изнесува 800 денари.

 

Ова е второ зголемување на сметките за вода, откако претходно во месец февруари минатата година, советниците од владеачкото мнозинство, го зголемија и надоместокот за одведување на урбани отпадни води од 3 денари на 5,28 денари за метар кубен.

Тоа доведе до зголемување на оваа услуга за дополнителни 2,28 денари за секој потрошен метар кубен вода.

Со ова поскапување и гледано според претходниот пример, прилепчани ќе плаќаат сметки повисоки за 50%.

Ништо слично со она што го ветуваше градоначалникот пред локалните избори во 2017 година.

Posted by Илија Јованоски on Friday, October 13, 2017

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This