ПРИМИРЈЕ ВО СИРИЈА: Владините сили и опозицијата постигнаа прекин на огнот во јужна Сирија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сириската влада претходно овој месец започна целосна офанзива во југозападниот регион на земјата, со цел да ја поврати контролата над нејзината граница со Јордан и спорната територија на Голанската Висорамнина.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во петокот објави дека преостанатите борци на терористичките организации “Нусра фронт” и “Даеш” се обидуваат да го попречат договорот за деескалација во јужна Сирија.

Претходно, новинската агенција Ројтерс објави, цитирајќи официјален извор од Јордан, дека има извештаи за прекин на огнот во јужна Сирија, што ќе доведе до “помирување” меѓу опозициските милитанти и Дамаск. Сепак, изворот не прецизираше дали прекинот на огнот се однесува на територијата каде владата во моментов врши офанзива.

Веста доаѓа само еден ден откако сириската армија, наводно, го ослободила градот Ал Храк и неколку други населби во југозападна провинција Дараа.

Минатата недела, првата голема милитантна група од Слободната сириска армија – бригадата Омари – се одлучи да се приклучи кон владините сили по разговорите со претставниците на рускиот центар за помирување. Лидерот на групата објави во соопштението дека ќе се бори против милитанти од фронтот Нусра и Даеш, заедно со сириската армија на југот на земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This