Пристигна грчката донацијата од 100.000 вakцини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес пристигна донација од 100.000 вакцини на производителот Астра Зенека од нашиот сосед Република Грција, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

– Донацијата е на лична иницијатива на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, што му ја има ветено на нашиот претседател на Владата Зоран Заев. Уште еднаш се потврдуваат добрососедските односи и поддршка кои се особено значајни во време на пандемија. Голема благодарност до грчкиот народ, владата на Република Грција и амбасадорот на Грција во нашата земја, Н. Е Русос Кундурос со кој утрово ги пречекавме вакцините. Истите веднаш ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови и наменети за лица над 60 години согласно нашата стратегија за вакцинација. Вакцинацијата забрзува и од понеделник сите граѓани ќе може без закажан термин да се вакцинираат, вели Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This