Пристигна нова пратка вакцини „Фајзер“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство, Венко Филипче информира дека во текот на денешниот ден пристигнала нова пратка вакцини „Фајзер“.

„Нова пратка од вкупно 12.870 дози вакцини „Фајзер“ пристигна денеска. Станува збор за редовната пратка која ја добиваме секој понеделник од кои 8.190 дози се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а 4680 во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe). Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, a вакцините пристигнуваат во континуитет“, стои во објавата на министерот.

Во текот на неделата се очекуваат и 500.000 дози од компанијата „Синовак“.

Утре, Грција се очекува да донира 20.000 дози на „АстраЗенека“, а се очекува количина и од руски Спутник В, за кои нема конкретни рокови кога ќе пристигнат. Досега вакцинирани се околу 442.928 граѓани од вкупно 449.456 регистрирани. Со две дози вакцинирани се 257.000 граѓани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This