ПРИТВОР ЗА СОВЕТНИКОТ ОД СДСМ: Суад Мемеди, советникот на Курто Дудуш од Шуто Оризари до 30 дена притвор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавното обвинителство отвори истражна постапка против, Суад Мемеди, советникот на градоначалникот на Општина Шуто Оризари, за сторено кривично дело Примање награда за противзаконито влијание.


„Осомничениот како вработен во општината Шуто Oризари на 27 јануари во службените простории на општината примил претходно договорена награда во висина од 1000 евра. Наградата осомничениот ја договорил и примил за, искористувајќи го своето влијание, да изврши посредување во вршење на службено дејствие кое не би требало да се изврши. Имено, тој ги побарал средствата за да се донесе Решение за утврдување правен статус на бесправно изграден објект“, велат од Републичкото јавно обвинителство.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, додаваат од таму, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување мерка притвор. Предлогот на обвинителството е прифатен, па со Решение на осомничениот му е изречен притвор во траење од триесет дена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This