Притвop и за еден од соработниците на Рашковски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, од куќен, денеска оди во ефективен притвор во Шутка откако кривичниот совет во Основниот кривичен суд ја прифати жалбата на Обвинителството за организиран криминал и корупција во истрагата за набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци, кој никој не го користи.

Никогаш не сме аргументирале толку педантно и толку обемно дека првоосомничениот е имотен, може да бега и спокојно да живее во бегство и оти може да влијае врз сведоците во постапката што се води против него. Истото се однесува и за второосомничениот, изјавила Вилма Рускоска за СДК.мк.

Преиначена е одлуката и за второосомничениот, сопственикот на фирмата „Инвока“ Даниел Станчески, кој исто така оди во Шутка, место во куќен притвор. Во истрагата се осомничени уште две лица кои добија поблаги мерки на претпазливост, како забрана за напуштање на живеалиштето и одземање на патните исправи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This