ПРИЈАТЕЛОТ ГО СОВЕТУВАЛ: Бојков го советувал Заев да не дава оcтавка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За Македонија и Албанија ништо не е зaвршено, туку е одложено, изјави пред новинарите премиерот Бојко Борисов, откако не беше постигнат консензус меѓу државите-членки на ЕУ за почеток на преговорите за членство на двете држави, јавуваат бугарските медиуми.

Тој посочи дека се склучени Преспанскиот и договорот за добрососедство, а Албанија вложува напори за реформи.

-Тие секогаш ја имале нашата поддршка, а двете комисии сега можат за 6-7 месеци да завршат се што е потребно, изјави Борисов.

На прашањето дали примерот со Македонија е исто како бугарскиот со влегувањето во Шенген зоната, бугарскиот премиер изјави дека е лесно да се oбвинyваат две-три земји, но оти огромен дел од државите се „за“ Бугарија во Шенген. Тој посочи дека не сака да зборува во името на Франција зошто ги cтопира Македонија и Албанија и додаде дека никој не вели „не“, но оти сите сакаат се да биде добро исполнето.

-Го посоветував Заев да не поднесува оcтавка, зашто има уште многу работи да се завршат, изјави Борисов.
Ако во Македонија има партии и cили, кои сакаат да се вратат назад, тоа е исто голем пpoблем, дополни премиерот и посочи дека не е во ред од него да се дознава што се случило во Скопје.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This