Прогласено за неуставно задолжителното носење маски во училиштата во Австрија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австрискиот Уставен суд ја прогласи во средата одлуката на министерството за образование од пролетва за задолжителното носење маска и воведување настава во турнуси на австриските училишта за правно неоснована.

„Министерството за здравсто не беше во состојба да објасни врз основа на што ја донело одлуката за задолжението за носње заштитени маски во училиштата и воведување настава во турнуси“, се наведува во образложувањето на Високиот уставен суд на Австрија (VfGH).

Правно гледано управните одлуки смеат да бидат донесени само врз основа на постојните закони, што не било случај кога станува збор за оваа одбедба.

Министерството за здравство својата мерка ја правдаше со поддршката од штабот за борба против пандемијата на коронавирусот.

„Со формирањето на корона-штабот стана поедноставно да се оправда правната основа за некоја одлука“, стои во соопштението на министерстото за образование, пренесува службената новинска агенција APA.

Австриското министерство за образование во мај донесе одлука за поделба на наставата во два турнуса и воведе задолжително носење маски во училиштата, како во текот на наставата, така и надвор од неа.

Против оваа одлука родителите на двајца ученици поднеле тужба пред Уставниот суд. Тие мерки беа укинати на крајот на училишната 2019/2020 година и повеќе не се на сила.

Опозициската партија NEOS денешната одлука на Уставнот суд ја нарече „дока за правно-државниот дилетантизам“ на десно-зелената влада на канцеларот Себастијна Курц.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This