April 30, 2024, 12:40 pm

ПРОДОЛЖЕНО ОГPAHИЧУBАЊЕТО НА ЈАВНИТЕ НАСТАНИ: Kopoнавиpyсот ги одложи претставите во скопските театари до 13 март

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот народен театар, Драмски, Театар комедија и Театарот за деца и младинци го одложија прикажувањето претстави до 13 март, поради владината препорака за ограничување на јавните настани со гости од странство и за неодржување на поголеми јавни собири и настани до петок, поради коронавирусот.

„Ве известуваме дека по препорака на Владата на РСМ, НУ Драмски театар Скопје ќе продолжи со прекинот на репертоарот до 13.3.2020г. Купените билети ќе можете да ги замените за друга претстава или средствата да ви бидат вратени“, соопштија од Драмскиот театар во Скопје.

Од Македонскиот народен театар најавија дека се одложени сите настани и претстави, а од Театар „Комедија“ најавија најавија дека во следните денови ќе информираат за продолжувањето на редовната репертоарска програма.

Вчера во земјава беа регистрирани нови две лица заразени од коронавирусот. Претходно, минатата недела беше регистриран првиот случај на заболен од новиот коронавирус во земјава, а како што информираа од Министерството за здравство, пациентката е излекувана.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This