Продолжи троцифрениот раст на новозаболени, бројот на починати надмина 200

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројот на новозаболени, но и на починати од корона вирусот во државава и натаму се зголемува со алармантна брзина. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 134 заразени и осум починати. Со тоа, вкупниот број дијагностицирани со вирусот од почетокот на епидемијата достигна 4.289, починати 201, а во моментов бројот на активни случаи е 2.331.

Најголем дијагностицирани и натаму има во Скопје – 1.995, од кои 1.323 се активни случаи, по што следат Куманово со 651 дијагностициран случај и 207 активни случаи, Тетово со 440 дијагностицирани и 261 активен случај, Штип со 244 дијагностицирани и 202 активни случаи, Прилеп со 230 дијагностицирани и 18 активни случаи…

Од вчерашните 134 новодијагностицирани случаи со Ковид-19, 97 се во Скопје.

Меѓу општините на Град Скопје и тие што гравитираат кон главниот град, најголем број активни случаи со вирусот има во Чаир – 302. Втора по број на активни е општината Аеродром со 118 случаи, а општини во кои има над 100 заразени во моментов се и Бутел со 110, Центар со 105 и Гази Баба со 104 случаи. Општина Сарај има 96, Карпош – 94, Кисела Вода – 64, Ѓорче Петров – 53, Студеничани – 52, Шуто Оризари – 40, Арачиново – 33 и општина Илинден – 27 активни случаи.

Под десет активни случаи имаат општина Петровец (девет), Сопиште (осум), Чучер Сандево (седум) и Зелениково (еден). Евидентирани се и двајца странци како активни случаи на корона вирусот.

Се поголем е бројот и на хоспитализирани со Ковид-19 по болниците.

На Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 90 пациенти од кои 35 се на кислородна поддршка и нема пациенти на механичка вентилација. Во ГОБ „8 Септември“ вкупно се хоспитализирани 120 пациенти од кои 12 се на респираторна машина, а 23 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This