Продолжуваат тензиите во САД, Трамп обвини за чудно иcчезнување на гласовите, Бајден прогласи победа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп денеска на Твитер истакна дека неговата голема предност што ја имаше за време на изборната ноќ во некои сојузни држави „за чудо исчезна“ и изрази надеж дека повторно ќе го преземе водството во овие во кои се уште се бројат гласовите.

„Имав толку голема предност во сите овие држави до доцна во ноќта на изборите, само за да видам како тие предности со чудо исчезнуваат како минуваат деновите. Можеби тие предности ќе се вратат како што напредуваат нашите правни процедури”, објави Трамп на Твитер.

Претходно, Трамп му се обрати на демократскиот кандидат Џо Бајден преку Твитер дека нема право да тврди дека победил на изборите.

„Џо Бајден не треба да тврди дека има право да функцијата претседател. Можев да го тврдам и јас тоа. Правните постапки штотуку почнуваат”, наведе Трамп.

Републиканскот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден, пак, имаше обраќање во кое нагласи дека иако „се уште немаме конечна потврда за победа, броењето на гласовите низ САД ни укажува за јасна и убедлива приказна: Ќе победиме во оваа трка”.

Бајден ги добива 270-те изборни гласови потребни за да го поpaзи претседателот Доналд Трамп, според проекциите на АП, со kpитичните Мичиген и Висконсин кои сега одат во прилог на на поранешниот потпретседател.

Бајден во моментов е во водство во клучните држави Пенсилванија, Џорџија и Невада, каде продолжи пребројувањето на гласовите.

– Погледнете ги броевите на национално ниво. Ќе ја добиеме оваа трка со јасно мнозинство од нацијата зад нас, рече Бајден.

– Добивме над 74 милиони гласови…Тоа е повеќе од кога било за претседателски билет во историјата на САД… Никогаш не заборавајте дека тоа не се само бројки. Тие претставуваат гласови и гласачи, мажи и жени кои го искористија своето фундаментално право да им се чуе гласот, нагласи Бајден.

При обраќањето до него беше сенаторот Камала Харис.

– Она што станува се појасно во секој час е дека рекорден број Американци од сите раси, вери, религии избраа промени. Тие ни дадоа мандат за акција за Ковид-19, економија, климатски промени, системскиот рaсизам. Тие јасно го ставија тоа до знаење. Тие сакаат земјата да се обедини, а не да се рaспаѓа. Луѓето зборуваа.

Бајден рече дека знае дека „тензиите се високи“. Според него, тие можат да бидат високи и по тешките избори.

– Треба да запомнеме да останеме смирени и да дозволиме процесот да се одвива. Демократијата работи. Вашиот глас ќе биде преброен. Не ми е гајле колку луѓето тешко се обидуваат да го спрeчат тоа. Јас нема да дозволам тоа да се случи. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This