ПРОДОЛЖУВА ДPCKОТО ОДНЕСУВАЊЕ НА БУГАРИТЕ: Топалов му порача на претседателот на МАНУ да си прочита учебник од III клас

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тие предложија и наложија дека Комисијата треба да прекине со работата, зашто се во предизборен период, за нив отворено прашањата се политички, изјави професорот Кирил Топалов, член на бугарскиот дел од заедничката македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и учебниците во утринската емисија на „БТВ Новините“.

Според Топалов, во Бугарија за работата на Комисијата се занимаваат само две-три телевизии, додека во Македонија сите медиуми, сите општествено-политички организации, вклучувајќи го и претседателот на „нивната Академија“.

-Претседателот на нивната Академија се изјасни на нивната телевизија и рече: Гоце Делчев, каков Бугарин е Гоце Делчев, кој е роден во Кукуш, Кукуш не е во Бугарија. Штом е од Кукуш, а Кукуш не е во Бугарија, значи дека тој не е Бугарин. Претседател на Академијата! Значи, би требало тој да си прочита учебник од III клас за да види дека Кукуш е во една област, која била населена 95% со Бугари, кои се Македонци, но тогаш се викале Бугари – изјави Топалов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This