Продолжува тивката вojна помеѓу Кина и Ватикан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Recorded Future, компанија за компјутерска безбедност, објави извештај во кој се тврди дека група хакери, наводно поврзани со кинеската влада, ја хакирале компјутерската мрежа на Ватикан.

Според Recorded Future, хакерите користеле исти методи, кои обично ги користат хакерските групи кои работат за кинеската влада. Групата „Редделта“, која е финансирана од кинеската влада, веќе изврши напади врз компјутерите на Светата столица, велат експертите.

Хакерските напади започнаа во мај. Целта на хакерите не беше само Ватикан, туку и Мисијата за истражување на Светиот Престол во Кина – група дипломати кои ја претставуваат црквата во Хонг Конг и преговараат со кинеските власти за статусот на црквата во Кина. Последниот договор меѓу Ватикан и Кина беше склучен во 2018 година, а кој ќе истече оваа година. Новите преговори треба да започнат во септември – точниот датум не е познат поради пандемијата во светот. Според Recorded Future, нападите се поврзани и со идните преговори. Условите од претходниот договор не се обелоденети. Според некои податоци, во замена за присуство на претставници на Ватикан во Хонг Конг, кинеските власти побарале самостојно да изберат кандидати за епископи на црквата, со право на папата да донесе конечна одлука за избор на кандидати од кинеската листа. Целта на нападот, наводно, беше да се откријат нови услови што ќе бидат претставени на преговорите.

Кинеската страна веќе ги негираше овие обвинувања.

Сепак, анимозитетот меѓу Кина и Ватикан не е нова тема. Медиумите пишуваат дека од април до јуни годинава повеќе од 500 крстови биле отстранети од католички храмови во провинцијата Анхуи, во близина на Шангај.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This